Руската тенисерка Мира Андреева се пласираше во финалето на турнирот во Индијан Велс. Талентираната 17-годишна девојка постигна голем успех во полуфиналето, елиминирајќи ја Ига Швјонтек со резултат 7:6 (7:1), 1:6, 6:3.
За веќе создадениот шампионски менталитет сведочи реакцијата на Русинката на крајот од првиот сет, кога сервираше за победа при резултат 5:4, но и дозволи на противничката да го врати брејкот.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Тоа не ја поколеба да го освои тај-брејкот и да поведе во сетови. Полската тенисерка силно возврати во вториот сет, но тоа беше само привремен блесок против, мора да се признае, подобрата Андрејева.
Ова ќе биде нејзино второ последователно финале на турнирите од серијата 1.000 откако претходно го освои турнирот во Дубаи.