Дома Фудбал Јапонецот ќе го менува Онана на голот на Манчестер јунајтед?

Јапонецот ќе го менува Онана на голот на Манчестер јунајтед?

Манчестер Јунајтед бара нов голман, бидејќи е очигледно дека Онана не ги задоволи критериумите на моменталниот тренерски штаб.

Никој не е задоволен како што бранеше Онаа оваа сезона, па се бара алтернативно решение.

Неколку имиња се на радарот, меѓу нив се и Вања Милинковиќ-Савиќ, но и голманот на Парма Зион Сузуки.

Се распрашуваат и за Манјан од Милан, но шпанскиот „Ас“ пренесува дека Манчестер Јунајтед сериозно се заинтересирал за голманот на Парма Зион Сузуки. Овој 22-годишен Јапонец пристигна минатото лето од Сент Трујден за 7.5 милиони евра и се покажа како одлично засилување за Парма.

На крајот на оваа сезона може да замине за 40 милиони евра, колку што е неговата клаузула, па Манчестер Јунајтед може да го искористи тоа.

Фото: Parma Calcio

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ламин Јамал го сруши рекордот на Винисиус

Ламин Јамал го избра стадионот на Севилја за да додаде ново импресивно достигнување во нег…