Дома Останати Кошарка Сурова статистика: Јокиќ го одигра најлошиот меч во кариерата (Фото)

Сурова статистика: Јокиќ го одигра најлошиот меч во кариерата (Фото)

Денвер Нагетс и Никола Јокиќ беа целосно надминати во вториот натпревар од плејофот од полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата против Оклахома Тандер.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Домаќинот беше убедлив со 149:106, а во тимот од Колорадо практично ништо не функционираше. Првенствено одбраната, но и останатите параметри не беа ни блиску до просекот.

Најдобриот играч на Денвер, Никола Јокиќ, го заврши вториот дуел од полуфиналната серија со 17 поени, осум скока и шест асистенции, а мораше на клупата на крајот на третата четвртина поради шест лични грешки.

Тоа беше вечер за заборав, што најсликовито го покажува фактот дека Јокиќ имаше најлош плус-минус учинок во својата кариера – дури минус 36.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дивац не можеше повеќе да молчи: Еве зошто не го избрав Дончиќ

Со години американските и европските медиуми зборуваат за катастрофалниот потег на Владе Д…