
Атлетико Мадрид се пласираше во полуфинале на Лигата на шампионите по победата над Барселона, а камерите зачекнаа како Диего Симеоне по синоќешниот реванш ги провоцираше гостинските навивачи.
Иако многумина веруваа дека Барселона е фаворит за пласирање во полуфиналето на Лигата на шампионите, повторно Диего Симеоне покажа дека е мајстор за нокаут натпревари.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Атлетико Мадрид во првиот натпревар славеше на гости со 2:0, а и покрај фактот дека овој тим беше поразен синоќа во реваншот од Барселона (1:2), тоа им беше доволно за да се пласираат во полуфиналето.
Во двомечот на старите ривали имаше доста напнатост во последната недела, но на крајот Атлетико имаше многу повеќе причини за славје.
Откако судијата означи крај, играчите и навивачите на Атлетико знаеја како да ја прослават победата и пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите, а имаше и ситни провокации кон Каталонците.
Меѓутоа, сите тие моменти ги засени Симеоне, кој не можеше да издржи и мораше да ги “боцне” навивачите на Барселона откако натпреварот заврши.
Аргентинскиот тренер се сврте кон навивачите на Барселона и им гестикулираше да „одат на спиење“, а тоа камерата успеа да го сними.