Дома Фудбал Суарез пред преселба во нов клуб, на повидок големо враќање!

Суарез пред преселба во нов клуб, на повидок големо враќање!

Договорот на Луис Суарез во Интер Мајами истекува, а засега нема индикации за продолжување.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според последните информации, можно е Суарез повторно да се врати во Насионал.

Тој својата кариера ја започна во овој клуб, а потоа се врати таму летото 2022 година, по завршувањето на договорот со Атлетико Мадрид. Тогаш потпиша краткорочен договор пред да замине во бразилскиот Гремио, а по тоа и во Интер Мајами заедно со Лионел Меси.

Суарез има 38 години и договор до 1. јануари, по што ќе стане слободен играч.

Неговата голема желба е повторно да го облече дресот на Насионал и да настапи со клубот во Копа Либертадорес.

Годинава покажа дека пензијата сè уште не е на повидок, бидејќи за Интер Мајами одигра 42 натпревари, постигнувајќи 14 голови и 15 асистенции.

Не треба да потсетуваме дека со Барселона освои сите можни трофеи, настапувајќи за клубот од 2014 до 2020 година. Претходно играше и за Гронинген, Ајакс и Ливерпул, оставајќи значајна трага во секој од тие клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …