
МЕКСИКАНСКИОТ напаѓач Раул Хименез му оддаде почит на загинатиот поранешен соиграч Диого Жота за време на Голд Купот на Конкакаф. Мексико го освои насловот со победа од 2:1 против САД, а Хименез постигна гол за израмнување во 27. минута.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред почетокот на натпреварот, Хименез излезе на теренот носејќи мексикански дрес со името “Diogo J” на грбот. Хименез и Жота беа соиграчи две сезони во Вулверхемптон кога овој клуб играше во Премиер Лигата. Жота и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија кога Ламборгини во кој се возеа, наводно поради пукање на гума, излета од патот и се запали. Жота имаше 28 години, а неговиот брат Андре 25.
Хименез при прославата на голот седна на трева и ја копираше прославата на Жота, која вклучува и играње со измислен контролер.
Ова е толку убава почит од Раул Хименез 💔😪🕊 pic.twitter.com/V93n3NCJv7
— 𝗟𝗙𝗖 𝗨𝗻𝗹𝗼𝗰𝗸𝗲𝗱 🐦🔥 (@LFCUNLOCKED) 6 јули, 2025