Дома Моторспорт Страшен пад на Мартин – удри со глава во земја при голема брзина (Видео)

Страшен пад на Мартин – удри со глава во земја при голема брзина (Видео)

Тестирањата за новата сезона на Мото ГП се во полн ек на патеката „Сепанг“ во Малезија, а во ноќта од вторник кон среда по централноевропско време, станавме сведоци на страшен пад на Хорхе Мартин.

Возачот на Априлија и актуелен шампион на „кралската класа“, доживеа тежок пад на втората кривина и удри со глава од патеката. Пред тоа тој летна неколку метри, откако ја загуби контролата над мотоциклот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според медиумските извештаи, Мартин заврши во болница и чувствува болки во левото стапало и десната дланка. По тешкиот пад, Шпанецот беше подложен на детални медицински прегледи.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Поранешниот шеф на Ферари откри каде легендарниот Шумахер изгубил уште две титули

Михаел Шумахер можел да биде деветкратен светски шампион, но две грешки скапо ги платил. Ж…