Дома Фудбал Стигна и првата честитка за Пјаниќ од новиот соиграч: „Добредојде брате“

Стигна и првата честитка за Пјаниќ од новиот соиграч: „Добредојде брате“

Првата честитка за трансферот во Барселона, Миралем Пјаниќ ја доби од Иван Ракитиќ.

Хрватскиот репрезентативец му испрати порака на Пјаниќ и напиша: „Добредојде брате“ со неколку емотикони на Инстаграм.

Доколку Ракитиќ остане во Барселона несомнено дека токму тој ќе биде најголем пријател на Пјаниќ и ќе му помогне да се адаптира на новата средина и новото опкружување.

Да потсетиме, Пјаниќ до 2024. година ќе биде член на Барселона, кој ќе се приклучи на тимот откако ќе заврши актуелната сезона. Во спротивна насока Јувентус го доби Артур Мело, а Старата дама за овој договор доплати 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…