
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков ги кажаа своите очекувања од завршниот турнир кој ќе се одржи во градот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Салата „Билјанини извори“ ќе биде домаќин на Вардар, Алкалоид, Охрид и Пелистер и публиката ќе има можност да ужива во ракометната магија.
„За нас ова е втор фајнал-фор во последните три години, а сега за разлика од претходниот тука сме и ние со претставник во ГРК Охрид. Тука сме ние како локална самоуправа да помогнеме и да укажеме шанса за повторно во иднина да бидеме домаќини. На овој турнир ќе игра најдобрата четворка во мак-ракометот. Ние како град немаме проблем, па секогаш кога РФМ ќе одлучи турнирот да се одржува тука сме подготвени. Зошто да не, отворени сме и за подлабока соработка со повеќегодишен договор за организација на Куп-завршницата“, изјави Пецаковски.
„Чест и задоволство ми е да го означиме отворањето на овој „фајнал-фор“ во Охрид. На овој турнир е собран ракометниот крем во Македонија, екипите кои наназад низ годините доминираат и најмногу вложуваат во овој спорт, за успешно да не претставуваат, но и самите себе во Европа. Би сакал да им посакам среќа на сите учесници, во еден ракометен и спортски дух и низ коректна борба да имаме убав турнир. Благодарност до домаќинот за организацијата, се надеваме на успешен завршен турнир. Ги повикувам сите Македонци да дојдат, ова е ракометен празник и викенд. Купот секогаш имал посебен натпреварувачки дух. Имаме и сме имале добра соработка со Охрид како и досега. Токму затоа се одлучивме да се организира турнирот тука. Во овој град има публика и добра ракометна култура. Се надевам направивме вистински избор за домаќинот. Сакам да најавам дека во септември сме во преговори за „Трофеј Македонија“ на кој треба да настапи женската репрезентација и неколку други учесници. Не се дефинирани учесниците и моделот, а се надевам дека со поддршка на градот и градоначалникот ќе биде значаен за нас во ракометот, но и градот Охрид“, изјави Стефанов.
Фото: Ракометна федерација на Македонија