Дома Останати Ставре Јада ќе ја претставува Македонија на ЗОИ во Милано!

Ставре Јада ќе ја претставува Македонија на ЗОИ во Милано!

Македонскиот репрезентативец во нордиско скијање, Ставре Јада, со настапот на СП во Трондхајм, Норвешка, успеа да обезбеди квота за настап на Зимските Олимписки Игри што следната година ќе се одржат во Милано, Италија.

Во исклучително силна конкуренција на светската елита, Јада ги извозе квалификациските трки со огромна борбеност и желба за успех.

На 27 февруари, на квалификациската трка, го зазеде 126-то место од 182 натпреварувачи, додека на 10 км класичен стил се пласираше на 107-то место. Вчера, во тимскиот спринт на 1.3 км, забележа одличен настап и се најде на 41-то место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Штип го славеше златото на Џорлев, шампионот веќе сонува сениорски врв

Марко Џорлев доби свечен пречек во Штип по кадетската светска титула во Полска. По петте п…