Дома Моторспорт Стартуваше Формула 1: Хамилтон и Ботас со најдобри времиња на првиот тренинг во Австрија

Стартуваше Формула 1: Хамилтон и Ботас со најдобри времиња на првиот тренинг во Австрија

Започна Формула 1! Луис Хамилтон и Валтери Ботас на денешниот слободен тренинг поставија најбрзи времиња.

Хамилтон оствари време од 1:04.814 што е за 0.22 секунди подобро од неговото минатогодишно на првиот тренинг.

Ботас беше побавен за три десетинки од тимскиот колега. Макс Верстапен кој во претходните две години победуваше во Австрија го поправи свото најдобро време и заврши трет. Во првите пет место обезбедија уште Карлос Сајнц од Мекларен и Серхио Перез од Рејсинг поинт.

На овој тренинг возачите на Ферари, Леклер и Фетел завршија на 10. и 12. место. Треба да се спомене дека двајцата не користеа меки гуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Мекларен не запира со засилувањата: По возачите, на ред се инженерите на Ганаси

Крис Симонс и Рос Банел се очекува да му се приклучат на Ероу Мекларен за сезоната 2027, д…