Дома Фудбал Српски водител среде емисија жестоко го навреди Јамал: Таа мала битанга никогаш нема да ја освои Лигата на шампионите! (Видео)

Српски водител среде емисија жестоко го навреди Јамал: Таа мала битанга никогаш нема да ја освои Лигата на шампионите! (Видео)

Барселона во вторникот беше елиминирана во полуфиналето на Лига на шампиони од Интер во незаборавен дуел кој донесе дури 13 голови во два натпревари. По овој натпревар, српскиот водител Дејан Анѓус јавно изрече страшни зборови кон ѕвездата на Барса, Ламин Јамал, и користеше одредени изрази поради кои во нормални услови би останал без емисијата.

Српскиот водител Дејан Анѓус срамно во својата емисија ‘Отворено со Анѓус’, која се емитува на Арена Спорт, го навреди ѕвездата на Барселона Ламин Јамал.


Анѓус се претставува како навивач на Барса и очигледно смета дека има право да навредува кој сака во јавниот простор. Она што го изговори е навистина страшно.

“И оваа битанга мала, обоен, овој смрдливец Јамал, нека го продадат веднаш во Саудиска Арабија”, започна излагањето овој водител и продолжува:

“Затоа што е малер и никогаш нема да освои Лига на шампиони. Еве тоа јас сега го кажувам. И за 15 години, кога ќе му заврши кариерата, сетете се на оваа емисија. Ќе објаснам зошто таа битанга го призвала злото и тие идиоти во клубот го дозволуваат тоа.”

Кога го видов, мајмунот мал, дека се обоил така, ми помина низ глава дека ќе ја уништи целата сезона. Кога се обои, битанга мала, знаев дека не е во ред ништо. Значи, призива зло. Дури помислив дека ќе го загубиме и финалето на купот од Реал. За чудо се извлековме.”

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Светскиот шампион од 75 милиони евра најде дом во Мадрид, потпишува за Реал!

Во Мадрид, започнува нова ера, со новиот тренер Хаби Алонсо и забележливо променет состав …