Дома Кошарка Српски кошаркар доживеа мозочен удар на тренинг

Српски кошаркар доживеа мозочен удар на тренинг

Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Србија, Стефан Јеловац, вчера беше итно опериран, откако во неделата доживеал мозочен удар на тренингот на АЕК.

Грчките медиуми објавија дека Јеловац се наоѓа во болница во Атина, каде што се контролира неговата здравствена состојба, која во моментов е стабилна.

„Ова е повеќе од кошарка, сите се надеваме дека ќе оздрави, здравјето е најважно. Оваа победа е за него, сите му посакуваме само најдобро“, вели неговиот соиграч Кин Коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Само шест играчи на располагање: ТФТ загуби со 45 разлика во Тузла

ТФТ ја отвори сезоната во АБА2 со пораз од Слобода од 106-61, без можност да ги користи че…