
Србија сака да се ослободи од српскиот претседател Александар Вучиќ. Тоа веќе е јасно на сите, а вечерва доби ветување од поранешниот кошаркар Владимир Штимац дека ќе изгуби сѐ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Владимир Штимац жестоко се бори за промени во Србија. Познатиот кошаркар е голема поддршка за студентите кои бараат оставка на Александар Вучиќ и затоа е на сериозен политички удар.
Не се плаши некогашниот репрезентативец на Србија. Многумина го гледаат како лидер на промените, а тој вечерва уште еднаш му порача на Вучиќ дека ќе изгуби сѐ што има по протестите на 28. јуни во Белград.
“Сѐ му одзедовме: и грбот, и знамето, и удирањето во градите, и српството, и јунаштвото, и сѐ она во што тој лажно се колне. Тоа го зачинивме со љубов, толеранција и солидарност на сите вероисповеди и нации, сите малцинства и мнозинства. Во сабота му го одземаме и Видовден. А тоа нема да биде сѐ што тој ден ќе загуби”, е пораката на Владимир Штимац.
Сѐ му одзедовме: и грбот, и знамето, и удирањето во градите, и српството, и јунаштвото, и сѐ она во што тој лажно се колне. Тоа го зачинивме со љубов, толеранција и солидарност на сите вероисповеди и нации, сите малцинства и мнозинства. Во сабота му го одземаме и Видовден. А тоа нема да биде сѐ што…
— Владимир Штимац (@stimac15) 26 јуни, 2025
Фотографија: Принтскрин