Дома Фудбал Средба на гигантите: Штом го виде Роналдо остави се и го прегрна!

Средба на гигантите: Штом го виде Роналдо остави се и го прегрна!

Роналдо не престанува да ги поместува границите во фудбалот. Синоќа со два гола во финалето од ЛШ допринесе за историски успех на Реал Мадрид.

Воедно по шести пат стана најдобар стрелец во најелитното натпреварување со 12 гола, а притоа е единствен фудбалер кој постигнувал голови во дури три финалиња.

Едно од нив беше и во 2008 година кога играше за Манчестер Јунајтед, а сега во Кардиф го виде својот стар тренер, славниот Алекс Фергусон.

Веднаш штом го виде Роналдо остави се и притрча да го поздрави и тоа многу срдечно, притоа запознавајќи го „шефот“ со својот син Кристиано Џуниор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи силен дома, Рома без пораз во Серија А: Се подготвува голема битка во Неапол

Рома гостува на „Диего Армандо Марадона“ со само еден пораз во првите десет натпревари сез…