Дома Останати Кошарка Србија со Јокиќ два пати не успеа да се пласира во четвртфиналето на Евробаскетот

Србија со Јокиќ два пати не успеа да се пласира во четвртфиналето на Евробаскетот

Србија на Евробаскетот замина како прв фаворит за титула, но нема да го види ни четвртфиналето, бидејќи во осминафиналето во Рига загубија од Финска со 92:86.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред една година беа на една топка од тоа да ги победат Американците, освоија олимписки бронза, пред две години беа втори на светското првенство и изгледаше дека ова натпреварување е за злато, но се повтори Евробаскетот од пред три години. Тогаш Италија во осминафиналето, а сега Финска.

И двата пати го имаа во тимот најдобриот кошаркар на светот Никола Јокиќ, на кого тоа се двата единствени настапи на европските првенства во кариерата.

Тој вечерва беше далеку најдобар во тимот на Србија со 33 поени, осум скокови и три асистенции, но остана без поддршка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро…