Дома Останати Тенис Срамна одлука: Италијанците го наградија Синер и покрај суспензијата!

Срамна одлука: Италијанците го наградија Синер и покрај суспензијата!

Јаник Синер, италијански тенисер, добитник е на наградата „Златна огрлица“, престижно признание од Олимпискиот комитет на Италија.

Како што е наведено, Синер ја доби оваа награда поради „заслуги во дресот на репрезентацијата во Дејвис купот, како и за индивидуални достигнувања“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


На прв поглед – заслужено, бидејќи Синер е без конкуренција најдобриот тенисер што Италија некогаш го имала и момче кое апсолутно доминира во „белиот спорт“ последните година и половина.

Освоил три ген слем титули, вкупно 19 АТП турнири во кариерата, две титули во Дејвис куп (2023 и 2024 година)…

Според сите параметри, Синер ја одбележал модерната историја на тенисот не само во Италија, туку и ширум светот.

Но, тука се појавува сериозен проблем. Имено, Италијанецот во март 2024 година бил позитивен на клостебол, супстанција забранета од Светската анти-допинг агенција. По повеќе месеци драма и жалба што ВАДА ја поднесе на првобитната пресуда по која Агенцијата за интегритет во тенисот (ИТИА) го ослободи Синер, двете страни постигнаа договор пред Судот за спортска арбитража, па Синер ја прифати вината и беше суспендиран на три месеци.

Таа казна истече на почетокот на мај, само неколку дена пред да добие најголемото признание што еден италијански спортист може да го добие од својот Олимписки комитет.

Фото: Jannik Sinner/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тешки сцени на Вимблдон. Димитров не можеше да му ја пружи раката на Синер поради болка

Јаник Синер стана последниот четвртфиналист на машкиот дел од турнирот на Вимблдон откако …