Раководството на Спортинг Лисабон ја одреди почетната цена за трансфер на нивниот најдобар напаѓач, Виктор Ѓокереш, кој оваа сезона е еден од најбараните фудбалери во Европа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шведскиот голгетер привлекува огромно внимание од најголемите клубови во Европа, а се очекува да направи трансфер во текот на летниот преоден рок.
Според најновите информации во медиумите, Спортинг нема да започне преговори за помалку од 65 милиони евра, што се смета за почетна цена. Сепак, таа би можела да се зголеми во зависност од понудите што ќе пристигнат од европските гиганти.
Меѓу клубовите кои најчесто се споменуваат како најзаинтересирани за неговите услуги се ПСЖ, Арсенал и Баерн Минхен.