Барселона му нанесе болен пораз на најголемиот ривал Реал Мадрид во финалето на Суперкупот што се играше во Џеда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Реал Мадрид прв дојде до водство со голот на Килијан Мбапе, но потоа следуваше каталонски „цунами“ и пет голови на Барселона.
Најпрво Јамал израмни, а потоа Левандовски од пенал ја донесе Барса во водство. До крајот на полувремето погодија уште Рафиња и Балде за високи 4:1.
На стартот на вториот дел Рафиња зголеми на 5:1, а до крајот Реал иако играше со играч повеќе успеа да намали само на конечни 5:2.