Дома Фудбал Спектакуларно Ел Класико, Барса го прегази Реал🎥

Спектакуларно Ел Класико, Барса го прегази Реал🎥

Барселона му нанесе болен пораз на најголемиот ривал Реал Мадрид во финалето на Суперкупот што се играше во Џеда.

Реал Мадрид прв дојде до водство со голот на Килијан Мбапе, но потоа следуваше каталонски „цунами“ и пет голови на Барселона.

Најпрво Јамал израмни, а потоа Левандовски од пенал ја донесе Барса во водство. До крајот на полувремето погодија уште Рафиња и Балде за високи 4:1.

На стартот на вториот дел Рафиња зголеми на 5:1, а до крајот Реал иако играше со играч повеќе успеа да намали само на конечни 5:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Вардар до репрезентацијата: Гаштаров ја користи шансата кај Риера

Матеј Гаштаров го зацврстува местото во Црвена звезда и веќе има четири настапи за сениорс…