
Шампионот на Шпанија, Барселона, се впушти по спектакуларно засилување. Каталонскиот гигант ја сака ѕвездата на Реал Мадрид, Родриго.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Трансферите помеѓу Реал Мадрид и Барселона се прилично ретки и секој што ќе се случи одекнува како вистинска бомба. Ова лето би можел да се случи огромен трансфер бидејќи Барса тргна по ѕвездата на кралскиот клуб, Родриго.
24-годишниот бразилски офанзивец не е во прв план кај Хаби Алонсо. Раководството на клубот од Бернабеу е подготвено да го продаде, а Родриго веќе беше поврзуван со тимовите од Англија – Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити.
Меѓутоа, сега во играта се вклучи Барселона. Бразилскиот „UOL Esporte“ тврди дека Каталонците ги контактирале претставниците на фудбалерот.
„Барселона ги контактираше агентите на Родриго и им соопштија дека сакаат да почнат преговори со играчот ако одлучи да го напушти Реал Мадрид“, наведува овој извор.
Фото: Grok AI