Дома Фудбал Сопругата на голманот на ПСЖ стана хит: Не смееше да внесе руско знаме на стадионот, еве како се снајде (Видео)

Сопругата на голманот на ПСЖ стана хит: Не смееше да внесе руско знаме на стадионот, еве како се снајде (Видео)

И покрај тоа што во финалето на Лигата на шампионите главните ѕвезди беа стрелците и хероите од пеналите, една од поинтересните приказнидоаѓа од голманската позиција.

Рускиот чувар на мрежата Матвеј Сафонов имаше неверојатна сезона, во која од резервна опција се истакна како прв голман на европскиот шампион.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Освен случувањата на теренот, јавноста ја привлече и неговата сопруга Марина Кондратјук која не доби дозвола да го внесе руското знаме на стадионот.

Сепак, таа не се откажа и на креативен начин создаде импровизирано знаме од бела, сина и црвена кеса, имитирајќи ги боите на Русија.

Фотографиите и видеата од нејзиниот потег брзо станаа хит на интернет.

Додека ПСЖ ја прославуваше новата европска титула, Сафонов ја заокружи извонредната сезона, потврдувајќи дека од играч кој многумина го гледаа само како резерва, прерасна во клучна фигура за парискиот клуб во освојување на европскиот врв.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aко Шпанија ја победи Аргентина, Кукуреља ќе мора да направи луда тетоважа!

Еден од најважните шпански фудбалери, Марко Кукуреља, е само на чекор од освојување на све…