Дома Фудбал Со Гатузо нема шега: Исфрлил двајца фудбалери од тренингот на Хајдук!

Со Гатузо нема шега: Исфрлил двајца фудбалери од тренингот на Хајдук!

Фудбалерите на сплитски Хајдук се подготвуваат за неделното гостување во Шибеник, а денешниот тренинг на хрватскиот великан од “Пољуд” беше одбележан со отстранувањето на двајца првотимци од тренерот Џенаро Гатузо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Темпераментниот италијански стручњак ги отстрани од денешниот тренинг двајцата интернационалци Леон Дајаку и Јасин Бенраху, незадоволен од нивниот труд на теренот.

Неофицијалните информации наведуваат дека двојката практично ја заврши мисијата на “Пољуд” и дека денешниот потег на Гатузо е само капка што ја прели чашата на незадоволството на Италијанецот од однесувањето на странците во Хајдук.

Ваквата реакција на Гатузо не треба да изненадува ако се знае дека двајцата фудбалери не се прочуени по учтиво однесување, поради што не заслужија позначајна шанса во Хајдук.

Се очекува Гатузо подетално да ја информира јавноста за целата ситуација во петок на официјалната прес-конференција пред патувањето во Шибеник, но јасно е дека денешниот инцидент сигурно нема да донесе мир во “Билите”.

Да потсетиме, Хајдук во неделата навечер со нерешен резултат против Риека дома (2:2) пропушти убава можност да го совлада главниот ривал за титулата, а до зимската пауза останува само споменатото гостување во Шибеник, кој спаѓа во редот на послабите тимови во лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал во Италија поради рускиот спонзор на Пирло, неговото назначување е засега стопирано

Изгледа сигурното назначување на Андреа Пирло како нов селектор на Италија предизвика сери…