Дома Фудбал Слот: Ретко правиме такви грешки, а сега направивме дури три

Слот: Ретко правиме такви грешки, а сега направивме дури три

Бледото прво полувреме на Ливерпул го изненади и менаџерот на овој тим Арне Слот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На водечкиот тим во англиското првенство ова му е првиот пораз на гости во Премиер лигата, а само втор оваа сезона (првиот го доживеа како домаќин против Нотингем Форест со 0:1).

„Тоа беа тешки 14 минути за нас. Освен што фудбалерите на Фулам покажаа квалитет во завршницата, головите главно паднаа поради нашите грешки. Генерално не правиме многу вакви грешки – а камо ли три во еден натпревар“, изрази чудење Арне Слот.

Ливерпул заигра поангажирано во продолжението на мечот, но не успеа да го избегне првиот пораз на гости по 15 натпревари (10 победи и пет ремии).

„Нашата изведба во второто полувреме беше многу подобра, но тешко е да се добие натпревар на ова ниво ако примите три гола во првото полувреме. За жал, на крајот ни недостигаше време за да го постигнеме третиот гол и да израмниме. Пофалби и за противникот. На многу тимови им е тешко да играат против Фулам“, изјави холандскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигнат договор: Рамос за 450 милиони евра станува сопственик на Севиља

Серхио Рамос и неговиот инвестициски фонд Five Eleven Capital постигнаа договор за купувањ…