Дома Фудбал Слот потврди: Леони една година ќе паузира, а еве кој го зазеде неговото место во ЛШ

Слот потврди: Леони една година ќе паузира, а еве кој го зазеде неговото место во ЛШ

Младиот фудбалер на Ливерпул, Џовани Леони, ќе паузира околу една година поради пукање на предните вкрстени лигаменти на левата нога, потврди денес тренерот на Ливерпул, Арне Слот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Осумнаесетгодишниот италијански дефанзивец, кој летово пристигна од Парма, дебитираше во дресот на Ливерпул во победата против Саутхамптон во Лига купот, но го напушти теренот во 81. минута по незгоден скок во еден дуел.

Не е во добра состојба, бидејќи скрши лигаменти и ќе паузира околу една година. Многу е тешко да се најде позитивна страна во ваква ситуација, но имајќи предвид дека е млад, има многу години пред него по закрепнувањето од ваква тешка повреда“, изјави Слот.

Слот нагласи дека Ливерпул до јануарскиот преоден рок останува со само тројца стандарден стопери, Вирџил ван Дајк, Ибрахима Конате и Џо Гомез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити за 100 милиони евра ја носи сензацијата од СП

Манчестер Сити е во завршна фаза на преговори со Лиле за Ајубу Буади. Како ПАМЕТНО да типу…