Дома Фудбал Слот останува во Ливерпул и следната сезона

Слот останува во Ливерпул и следната сезона

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот се очекува да остане во клубот и следната сезона, иако тимот од Мерсисајд има разочарувачка сезона. Според “Скај Спортс”, Холанѓанецот ќе продолжи да работи со тимот, а сомнежите за неговата иднина се отстранети, откако “црвените” се доближија до обезбедување учество во Лигата на шампионите следната сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По победата против Евертон во текот на викендот, Ливерпул има предност од седум поени пред шестиот Челси и шансите на Лондонците да ги стигнат се многу мали. Петтото место во табелата на тимот од Мерсисајд ќе му обезбеди место во најпрестижниот клупски турнир.

Слот го изведе Ливерпул до шампионската титула во Англија во првата своја сезона, но во втората се соочува со сериозни проблеми. И покрај обемната летна селекција, тимот ќе го заврши сезоната без трофеј и многу далеку од Арсенал и Манчестер Сити, кои се борат за титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Реал ќе му биде тешко да ги одбие овие понуди, ПСЖ не е единствениот клуб што го сака Валверде!

Реал Мадрид би можел да се соочи со сериозен предизвик кога станува збор за иднината на Фе…