Дома Фудбал Слот експресно најде замена за Ван Дајк во Барселона

Слот експресно најде замена за Ван Дајк во Барселона

На Вирџил ван Дајк му завршува договорот ова лето и нема никакви знаци дека ќе потпише нов, а веќе се шпекулира и кој ќе го замени во тимот на Ливерпул.

На Холанѓанецот му истекува договорот крајот на јуни и скоро е сигурно дека нема да потпише нов, и веќе се споменуваат идните потенцијални дестинации за него.

Шефот на стручниот штаб на Ливерпул – Арне Слот не чекаше многу за да започне со барање на неговата замена, и изгледа дека ја нашол во Барселона.

Според шпанскиот „Релево“, Ливерпул е заинтересиран за стамениот стопер на Барселона – Роналд Араухо.

Фото: ФК Ливерпул/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсими не ја задржа предноста, Тиквеш си замина од Гостивар со бод

Последниот меч од 10. коло во ПМФЛ заврши без победник, откако Арсими и Тиквеш ремизираа 1…