Дома Фудбал Останато Славески за првпат загуби и остана без појасот во БКФЦ (Видео)

Славески за првпат загуби и остана без појасот во БКФЦ (Видео)

Македонскиот борец Горјан Славески синоќа го доживеа својот прв пораз во БКФЦ (Првенство во бокс со голи раце), откако беше поразен во борбата за светската титула во велтер категорија од искусниот Џулијан Лејн на настанот БКФЦ 79 во САД.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Битката се одржа на легендарниот „Бафало Чип“ камп во Стерџис, Јужна Дакота, во рамките на едно од најголемите спортско-забавни случувања во Америка. Славески, попознат како Гого, издржа пет рунди со силниот Лејн, но двапати заврши во нокдаун – во третата и петтата рунда, што на крајот пресуди за исходот на борбата.

Судиите едногласно му ја доделија победата на американскиот борец со судиски бодови од 49-44, 49-44 и 48-45. Иако не успеа да стигне до шампионскиот појас кој беше испразнет, Славески, кој е роден во Скопје, а моментално живее и се натпреварува од Мајами, останува еден од најперспективните борци во БКФЦ со скор од шест победи и само еден пораз.

Поразот доаѓа како дел од развојниот пат на македонскиот борец, кој со своите настапи продолжува да ја привлекува вниманието на американската публика и да го носи македонското знаме во една од најбруталните боречки сцени денес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џастин Гејчи го шокираше целиот свет и му го промени личниот опис на Топурија (Видео)

Џастин Гејчи го изненади целиот свет. Во брутална борба, една од најголемите досега, која …