Дома Фудбал Скандал во Штип: Родители од Шкупи тепале деца на Брегалница! (Видео)

Скандал во Штип: Родители од Шкупи тепале деца на Брегалница! (Видео)

Тежок инцидент ја одбележа денешната младинска фудбалска средба во Штип, на натпревар од генерациите 2009/10. Според локалните медиуми, родители на играчи од Шкупи упаднале на теренот и физички нападнале дел од младите фудбалери на Брегалница.

Сведоци велат дека немало никаква провокација, а нападот завршил со сериозни последици. Две деца се со потешки повреди – едното со скршена нога, другото со удари во пределот на главата.

Инцидентот предизвикал и полициска интервенција. Дел од напаѓачите биле приведени и однесени во полициската станица, а во текот на денот се очекува официјално соопштение од МВР.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок сензационален трансфер: Ричарлисон наскоро доаѓа во Белград?

Бразилскиот репрезентативец Ричарлисон е на праг да го напушти англискиот премиерлигаш, То…