Дома Моторспорт Скандал во Ф1, може да му биде одземена титулата на Верстапен

Скандал во Ф1, може да му биде одземена титулата на Верстапен

Најбрзиот возач минатата сезона во Формула 1, Макс Верстапен би можел да остане без шампионската титула затоа што неговиот тим ги прекршил правилата.

Британските медиуми пишуват дека Ред Бул го надминал буџетот за претходната сезона и потрошил дури 4,5 милиони фунти повеќе отколку што дозволуваат правилата.

Верстапен во сензационална завршница во последниот круг ја освои титулата и го победи Луис Хамилтон, кој беше на прагот до осмата титула во кариерата.

Вакво надминување на буџетската граница би можело да донесе казна за австрискиот тим, која би можела да вклучи и исклучување од шампионатот.

Тоа значи дека Луис Хамилтон и Мерцедес ќе се радуваат на шампионскиот трофеј за сезоната во 2021 година. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Вилагош добива 10.000 евра, Трипковиќ доживотно месечно примање

Србија ги награди освојувачите на европски и светски медали и нивните тренери, а посебно н…