Дома Останати Кошарка Скандал: Уапсен синот на Мајкл Џордан!

Скандал: Уапсен синот на Мајкл Џордан!

Маркус Џордан, синот на легендарниот Мајкл Џордан, бил уапсен вчера на Флорида поради поседување на кокаин и возење под дејство на алкохол, пренесува TMZ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој се соочува со обвиненија за управување возило под влијание на алкохол, поседување на кокаин и противење при апсењето.

Апсењето следи откако 34-годишниот Маркус минатата година беше фотографиран како вшмркува бел прав за време на одмор на југот на Франција.

Претходно беше во врска со ријалити ѕвездата Ларса Пипен, поранешната сопруга на Скот Пипен, кој некогаш беше соиграч на Мајкл Џордан.

Се вели дека Ларса го напуштила Маркус бидејќи повеќе не можела да толерира неговото непредвидливо однесување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ќе потроши еден куп пари за транспорт – ќе лета со хеликоптер до новиот тим!?

Една од најинтересните теми по преминот на Леброн Џејмс во Филаделфија не е врзана за тере…