Дома Топ вести Скандал: Голман си го намалувал голот пред секој домашен меч🎥

Скандал: Голман си го намалувал голот пред секој домашен меч🎥

Голманот на норвешкиот прволигаш Викинг, Патрик Гунарсон, е во центарот на спортски скандал откако се објавени неколку видеа на кои е прикажано како ги поместувал стативите и го намалувал голот за 15 до 20 сантиметри.

Гунарсон, откако судијата ќе го прегледа голот, ги поместувал левата и десната статива за да го скрати голот и со тоа си правел полесна работа.

„Измамата“ на младиот голман, даде резултати, бидејќи Викинг моментално е на третата позиција по 11 одиграни кола. Кога станува збор за натпреварите на домашен терен, каде Гунарсон го намалувал голот, неговиот тим славеше четири пати во шест натпревари со две нерешени средби, а тој прими само два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сити има седум од седум, но Вила знае како да го запре лидерот

Манчестер сити гостува кај Астон вила со максимален учинок во Премиер лигата, но тимот на …