Дома Боречки спортови Скандал: Боксерка го прекина мечот бидејќи се бореше против биолошки маж🎥

Скандал: Боксерка го прекина мечот бидејќи се бореше против биолошки маж🎥

Дуелот помеѓу Имане Келиф од Алжир и Ангела Карини од Италија во осминафиналето на Олимписките игри во Париз траеше само 46 секунди.

Изминатиов период се крена голема прашина околу настапот на Имане Келиф и Лин Ју-Тинг на Олимписките игри во Париз.

Двете беа дисквалификувани од Светкското првенство во 2023 поради тоа што имаат XY- хромозоми, како мажите. Исто така имале и повисоко ниво на тестостерон од дозволените граници.

И покрај противења од многу страни, Имане Келиф денеска настапи во Париз и веднаш се случи скандал.

Карини не можеше да ја издржи силата на ударите на противничката и се повлече од борбата која траеше само 46 секунди. По тепачката, Карини со солзи го напушти рингот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Невидена сцена во Лондон: судијка двапати го исфрли пешкирот и не ја прекина борбата

На боксерска вечер во „О2 Арена“, Ејми Пу не дозволи мечот меѓу Адам Оланјан и Ден Гарбер …