Дома Моторспорт Синот на Михаел Шумахер ќе тестира болиди во Формула 1!

Синот на Михаел Шумахер ќе тестира болиди во Формула 1!

Синот на Михаел Шумахер полека чекори кон кариера во Формула 1, а за прв пат во животот Мик ќе има прилика да вози болиди во најбрзиот „циркус“ на светот.

Мик Шумахер минатата сезона беше шампион во Формула 3 и јасно е дека неговиот сон е еден ден да се трка во Формула 11. Тој ден изгледа и не е така далеку.

За трките ќе почека, но сега Мик за прв пат ќе има прилика да седне во болид во Формула 1. Имено, денес стигна потврда дека ќе тестира болиди за два тима од Формула 1.

Тој е член на академијата на Ферари и ќе ги тестира болидите на овој тим пред трката за Големата награда на Бахреин која е на распоред во недела. Потоа ќе има прилика да вози болид и за Алфа Ромео.

„Неверојатно е колку сум возбуден што конечно ќе возам болид во Формула 1, иако се работи само за тестирање. Им благодарам на луѓето во Ферари што ми ја пружија оваа шанса и сигурно дека тоа ќе биде големо искуство за мене“, изјави Мик.

Синот на Шумахер пристигна во Формула 2, а сезоната во ова натпреварување започнува исто така во викендот кој следи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ф1 и „Лајка“ со фотоапарат од 7.300 фунти: Тркачки детали за скап кадар

Специјалниот Leica Q3 43 Formula 1 Edition доби карбонски елементи и дизајн инспириран од …