Дома Тенис Синер продолжи сигурно да чекори на Австралија Опен: Го прегази Де Минаур во четвртфиналето!

Синер продолжи сигурно да чекори на Австралија Опен: Го прегази Де Минаур во четвртфиналето!

Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер со леснотија ја совлада уште една пречка на патот до титулата на Австралијан Опен.

Италијанецот во четвртфиналето немаше никакви проблеми против Алекс Де Минаур, а Австралиецот во целиот натпревар успеа да освои само шест гема.

Синер за помалку од два часа игра се справи со Де Минаур, и со 6:3, 6:2, 6:1 се пласираше во полуфиналето каде ќе игра против Бен Шелтон, кој денес со 3:1 во сетови го исфрли Лоренцо Сонего.

Во другото полуфинале ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев.

Двата полуфинални натпревари ќе се играат во петок, додека финалето е закажано за недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се лизна на 12. место, Зверев ја обезбеди годината на врвот

Новак Ѓоковиќ загуби уште една позиција на АТП-листата, додека Александар Зверев веќе е не…