Дома Фудбал Синер испрати порака пред враќањето на теренот по суспензијата

Синер испрати порака пред враќањето на теренот по суспензијата

Јаник Синер наскоро му завршува тримесечната суспензија, а успеа да остане на врвот на АТП листата во периодот кога не играше.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Италијанецот му е дозволено да се врати на тренинзи на 13 април, а суспензијата му завршува на 4 мај.

Мастерсот во Рим започнува на 7 мај, што за Синер ќе биде прво појавување по суспензијата.

„Напорно тренираме, првите натпревари сигурно нема да ми бидат лесни, но се надевам дека ќе успеам да го вратам ритамот“ рече Синер во интервју за „ORF Sudtirol“.

Синер се осврна на позитивните страни од неговата пауза.

„Бев далеку од гужвата, поминував време со семејството и пријателите, правев некои нови работи и подобро запознавав сам себе. Мислам дека тоа многу ми помогна“ додаде Синер.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…