Дома Останати Тенис Синер ќе ја прекине соработката со тренерот Кејхил

Синер ќе ја прекине соработката со тренерот Кејхил

Првиот рекет на светот Јаник Синер нема повеќе да соработува со 59-годишниот австралиски тренер Дарен Кејхил, откако беше потврдено по триумфот на Италијанецот над домашниот Тристан Сулкејт во второто коло на Австралијан опен.

Разделбата на 23-годишниот Италијанец со Кејхил ќе биде по завршувањето на сезоната, а Австралиецот претходно најави дека Синер ќе биде последниот тенисер кој ќе го тренира.

„Ова ќе биде последната сезона на Дарен како мој тренер“, потврди Синер за „Еуроспорт“.

Австралиецот сака да поминува помалку време патувајќи, а повеќе со семејството по повеќедецениската кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

АТП најави 350 милиони долари за тенисерите до 2028 година

АТП претстави план според кој во 2028 година ќе бидат распределени 350 милиони долари прек…