Дома Фудбал Симеоне најде замена за Гризман и доаѓа бесплатно!

Симеоне најде замена за Гризман и доаѓа бесплатно!

Атлетико Мадрид ќе мора на лето да бара замена за Антоан Гризман кој ќе замине во МЛС во тимот на Орландо.

Како што пренесува шпанскиот Марка, во клубот веќе ја лоцирале замената која ќе дојде без обештетување.

Станува збор за германскиот фудбалер Јулијан Брант.

Тој го напушта Борусија Дортмунд како слободен играч откако нема да го продолжи договорот со „Милионерите“.

Тој е во Дортмунд последните 7 години каде дојде од Бајер Леверкузен за 25 милиони евра.

Одиграл 303 натпревари за Борусија и постигнал 57 голови со 69 асистенции. За репрезентацијата на Германија одиграл 48 натпревари и постигнал 3 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зидан ги разочара француските играчи пред собирот

Зинедин Зидан е неодамна избран за нов селектор на Франција и веднаш по пристигнувањето од…