
Ламин Јамал денес се пожали дека тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, користи по неколку фудбалери за да го спречи, и изјави дека се надева дека ќе има шанса да се најде еден на еден со некој од играчите на противничкиот тим.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона во вторник од 21 час ќе гостува на Ванда Метрополитано кај Атлетико Мадрид во реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Првиот меч изненадувачки заврши со победа на мадридскиот клуб од 2:1, но сигурно е дека Барса нема да се предаде и дека во реваншот нè чека спектакл.
Пред овој дуел, првата ѕвезда на Барса, Ламин Јамал, се пожали дека тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, користи неколку играчи за да го спречат, па му порача:
„Ќе видиме дали Диего Симеоне ќе ми направи услуга и ќе ме остави еден на еден со некој од неговите играчи. Искрено се надевам дека ќе го направи тоа.”
Шпанските новинари, секако, веднаш го прашаа Чоло што мисли за оваа изјава на младата ѕвезда. Одговорот беше брутален.
„Ако сака да игра еден на еден, може слободно да оди и да игра тенис”, порача Диего Симеоне.