
Лоши вести пристигнуваат од Шпанија.
Капетанот на Лас Палмас, Киријан Родригез, соопшти на прес-конференција дека боледува од рак и ќе мора да ја прекине кариерата.
Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
“Вчера ми соопштија дека повторно имам рак. Ќе мора да престанам со играње на шест месеци. Сакам да ме видат силен, а не да ми доаѓаат со пораки на тага и охрабрување. Ќе се вратам!”, рече Родригез.
Инаку, 28-годишниот фудбалер во текот на 2022 и 2023 година дури осум месеци отсустуваше од терените поради истиот проблем.
Станува збор за посебна група на тумори кои го напаѓаат лимфниот систем.