Дома Фудбал Шпанците убедени Пресврт во случајот на Винисиус, веќе се е јасно!

Шпанците убедени Пресврт во случајот на Винисиус, веќе се е јасно!

Винисиус Жуниор и Реал Мадрид продолжуваат да чекорат заедно во преговорите за обновување на соработката.

Мадридскиот весник Ас денеска ексклузивно потврди дека преговорите напредуваат и дека се очекува ВинисиусЖуниор да потпише нов договор во наредните месеци. 

И покрај недоразбирањата меѓу Чаби Алонсо и Винисиус, ситуацијата е разрешена, бидејќи Бразилецот има натпреварувачки дух што понекогаш тежнее кон конфликт кога не е на теренот, а не поради непочитување на тренерскиот авторитет.

Во Реал Мадрид сите сметаат дека Винисиус игра клучна улога, но исто така велат дека ниту еден играч не е над клубот и дека Бразилецот понекогаш мора да прифати одредени ситуации. 

Новиот договор за Винисиуус повторно е на маса, првпат засега годинава, откако преговорите беа во застој. Гласините од последните недели не ги нарушија преговорите. Според Ас, Чаби и Винисиус сѐ решија меѓусебно, со споделена цел да го стават успехот на Реал Мадрид на прво место. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се подготвува сензација, Мората е на чекор до играње во Сегунда?!

Мозес Кен е сè поблиску до премин во Комо од Фиорентина, а тоа најверојатно ќе значи и кра…