Дома Фудбал Шон Конери одбил да игра за Манчестер Јунајтед за 25 фунти неделно

Шон Конери одбил да игра за Манчестер Јунајтед за 25 фунти неделно

Шон Конери, легендарниот шкотски актер кој почина во саботата, ќе биде запаметен најмногу по неговата улога на Џејмс Бонд, но постои момент во неговиот живот, кој можел да го промени текот на неговата кариера.

Имено, медиумите откриваат дека малку недостигало Конери да заврши на фудбалските терените ширум Европа, наместо во Холивуд.

Конери играл за Бонириг Роуз, кој е аматерски клуб, па го импресионирал Сер Мет Базби, кој му понудил договор од 25 фунти неделно за да заигра за Манчестер јунајтед.

„Избрав да бидам актер и тоа на крајот се покажа како најинтелигентен потег кој сум го направил во животот“, кажа своевремено Конери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…