Дома Football Шок за Шкендија: Башкими во Тетово му направи голема услуга на Вардар! (Видео)

Шок за Шкендија: Башкими во Тетово му направи голема услуга на Вардар! (Видео)

Фудбалерите на актуелниот шампион Шкендија приредија непријатно изненадување за своите навивачи, откако на домашен терен беа поразени со 2-3 од Башкими во рамките на 29. коло од Прва македонска фудбалска лига.

Тетовци одлично го отворија натпреварот и поведоа уште во 5. минута преку Тамба, но радоста траеше кратко, гостите возвратија веќе во 9. минута со голот на Аворнио за 1-1.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Следуваше комплетен пресврт во корист на Башкими, откако Никел со ефектен погодок донесе водство од 1-2 во 35. минута, а само три минути подоцна истиот играч повторно се запиша во листата на стрелци за 1-3, при што остана дилемата дали ситуацијата претходно била офсајд.

Во второто полувреме, Бесарт Ибраими намали на 2-3 во 65. минута и внесе надеж кај домашните, но до крајот Шкендија не успеа да избегне пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Football

Проверете

Вознемирувачка сцена: Фудбалер на Струга можеше да скрши врат против Тиквеш! (Видео)

Непријатна сцена видовме на натпреварот меѓу Струга и Тиквеш во рамките на 27. коло од Прв…