Дома Фудбал Останато Шок: Поранешниот УФЦ шампион и ММА легенда мора во затвор!

Шок: Поранешниот УФЦ шампион и ММА легенда мора во затвор!

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Каин Веласкез е осуден на петгодишна затворска казна поради инцидентот со пукање што се случи во 2022 година. Одлуката ја донесе судијата Артур Боканегра од окружниот суд во Санта Клара, а Веласкез ја прифати пресудата без да се изјасни за виновен или невиновен. Оваа опција во правото позната како „no contest“ му овозможува да избегне признавање на вината, но сепак, казната е изречена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веласкез инаку можеше да добие максимална казна од 40 години затвор или дури да избегне одење во затвор, но судијата се реши за петгодишна затворска казна. Заменикот на окружниот обвинител Аарон Френч бараше казна од 30 години до доживотен затвор, додека одбраната се обидуваше да го ослободи.

Да потсетиме, Веласкез беше уапсен во март 2022 година откако наводно пукал во маж кого го обвини за сексуално злоставување на неговиот син. Злоставувањето се случило во установа за чување на деца која припаѓала на неговата мајка, а истиот веќе претходно бил осудуван за слични дела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бизарна тепачка која го запали интернетот: Познатиот тешкаш го прифати најлудиот предизвик на кариерата – сам против шестмина (Видео)

Овој пат во центарот на вниманието се најде искусниот полски тешкаш Мариуш Вах, кој го при…