Дома Кошарка Шок: Еден од најдобрите играчи на Денвер нагетс изгризан од куче

Шок: Еден од најдобрите играчи на Денвер нагетс изгризан од куче

Еден од најдобрите кошаркари на Денвер Нагетс, Арон Гордон, ќе биде надвор од терените на неодредено време откако на Божиќ бил каснат од куче.

 Гордон бил изгризан од куче во пределот на лицето и десната рака со која што шутира,и не се знае кога ќе се врати на кошаркарските терени, но сигурно е дека ќе пропушти неколку натпревари.

Нагетс пренесуваат дека Гордон се здобил со сериозни повреди на главата и десната рака, но дека моментално е во добра состојба.

„Арон Гордон се здоби со расекотини на лицето и раката како резултат на каснување од куче на 25 декември. Арон е во добра состојба и ќе остане надвор од тимот додека целосно не закрепне“, се вели во соопштението на клубот.

Потоа новинарот Чаранија објави дека Гордон заработил дури 21 конец на лицето и десната рака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Само шест играчи на располагање: ТФТ загуби со 45 разлика во Тузла

ТФТ ја отвори сезоната во АБА2 со пораз од Слобода од 106-61, без можност да ги користи че…