Дома Фудбал Шмајхел: Фудбалот на Арсенал е грд и иритирачки

Шмајхел: Фудбалот на Арсенал е грд и иритирачки

Актуелниот англиски шампион Ливерпул продолжи со совршениот стопроцентен старт на новата сезона во Премиер лигата. Во вчерашното дерби од третото коло, екипата на Арне Слот го победи Арсенал на Енфилд, актуелниот вицешампион и еден од најголемите конкуренти во овосезонската борба за титулата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Голот на одлуката го постигна унгарскиот играч од средината, Доминик Собослаи (24), во 83. минута со фантастичен удар од слободен удар од скоро 30 метри оддалеченост. Тоа беше натпревар со мал број шанси. Ливерпул имаше девет удари, од кои три беа во рамки на голот, а Арсенал застана на 11 удари, од кои еден беше во рамките на голот.

„Дербито не ги исполни очекувањата. За добар натпревар потребни се две екипи што ќе играат фудбал, а тука само една се обидува да игра, и тоа е Ливерпул. Не сакам да го навредам Арсенал, но нивниот фудбал е толку иритирачки за гледање, дизајниран е да ги искористува противниците додека чека прекини.”, вели Шмајхел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан е минато: Леао ќе бира меѓу два премиерлигаши!?

Португалската ѕвезда Рафаел Леао повторно се најде во центарот на вниманието откако со сво…