Дома Фудбал Шкендија поради Македонија игра во Европа, а таму се претставува како – албански клуб! (Фото)

Шкендија поради Македонија игра во Европа, а таму се претставува како – албански клуб! (Фото)

Фудбалскиот шампион Шкендија обезбеди место во главната фаза од Конференциската лига, но начинот на кој клубот се претставува надвор од земјава повторно отвори стара полемика.

Во наредната рунда тетовци ќе ја одмерат силата со косовска Дрита, а дуелот веќе се промовира како „големо албанско братско дерби“. Тоа само по себе не е изненадување – Шкендија е клуб со доминантно албански играчки кадар и навивачка база. Но, контроверзата произлегува од фактот што клубот речиси никогаш не ја споменува државата од која потекнува, ниту пак се претставува како македонски првак.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Надвор од границите ние сме едно. Еден народ, два тима – едно чувство“, објавија од клубот, придружувајќи ја најавата за натпреварот со косовското и албанското знаме.

Во Шкендија „забораваат“ и дека токму Македонија како држава им овозможува воопшто да играат во Европа. Очигледно тоа ништо не им значи…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шефот на Баерн го негира интересот кон Салах

Спортскиот директор на Баерн Минхен Макс Еберл ги отфрли шпекулациите за евентуално доведу…