Дома Фудбал Шкендија се раздели со голманот Давор Талески

Шкендија се раздели со голманот Давор Талески

Eкипата на македонскиот прволигаш, Шкендија објави дека се разделува со голманот Давор Талески.

Талески си заминува од тетовскиот клуб по две ипол години и ќе се обиде да пронајде средина каде што ќе има поголема минутажа.

„Шкендија се заблагодарува на Давор Талески за трудот и неуморната работа за време на неговиот престој тука. Му посакуваме среќа и успех во неговата понатамошна кариера“, објави Шкендија.

Покрај Талески од Шкендија заминува и напаѓачот Дауда Бамба кој пристигна летово, но имаше проблеми со повреди, па така неговиот договор стана неважечки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ираола го доби токму ривалот што не го сакаше, Сити оди кај Брадфорд

Ливерпул ќе го пречека Борнмут во четвртфиналето на Лига купот, а Манчестер сити ќе гостув…