Дома Фудбал Шешко прави трансфер од околу 100 милиони евра?

Шешко прави трансфер од околу 100 милиони евра?

Германскиот фудбалски бундеслигаш РБ Лајпциг бара за својот напаѓач Бенјамин Шешко помеѓу 80 и 100 милиони евра, пренесуваат германските медиуми. Голема заинтересираност за 22-годишниот словенски напаѓач покажаа Арсенал и Њукасл Јунајтед, но сепак ниеден англиски клуб се уште не испратил официјална понуда. Сепак, Билд наведува дека Шешко ги договорил личните услови со Арсенал, и сега преостанува лондонскиот клуб да ја договори сумата со Лајпциг.

Германските медиуми наведуваат дека Лајпциг ќе бара помеѓу 80 и 100 милиони евра. Шешко е во Лајпциг од 2023 година, а играл е и за РБ Салцбург, Лиферинг и Домжале. Досега за германскиот клуб постигнал 39 голови во 87 настапи, а за словенската репрезентација има 41 настап и постигнато 16 голови. РБ Лајпциг во последните сезони прави одлични трансфери.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Така го продаде хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол во Манчестер Сити за 90 милиони евра, Доминик Собослај се префрли во Ливерпул за 70, а Кристофер Нкунку во Челзи за 60, токму како и Наби Кеита во Ливерпул. Дани Олмо ја продолжи кариерата во Барселона за 55 милиони евра откуп.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го засили голманското место со младинскиот репрезентативец на Италија

Освојувачот на Лигата на Шампионите, Пари Сен Жермен, го објави ангажманот преку слободен …