Дома Фудбал Шеф на Баерн потврди дека се воделе преговори за Антони

Шеф на Баерн потврди дека се воделе преговори за Антони

Спортскиот директор на Баерн (Минхен) Кристоф Фројнд одговори на изјавата на напаѓачот на Бетис, Антони, за неговиот неостварен трансфер во германскиот гигант летово.

„Тоа не беше мирен период. Се случија многу работи. Разгледувавме неколку играчи, меѓу кои беше и Антони“, призна Фројнд.

„Се водеа преговори, но тоа веќе е минато. Многу сме задоволни од сегашниот состав на тимот. На крајот, завршивме добра работа за време на трансферниот период и резултатот ни се допаѓа“, додаде Фројнд во интервју за Sky Sport Germany.

Во тековната сезона, Антони одигра 11 натпревари за Бетис во сите натпреварувања, во кои постигна шест голови и направи две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус ќе чека подолго? Јилдиз би можел да заигра дури во 2027 година

Закрепнувањето на Кенан Јилдиз оди побавно од планираното, а според „Ла Стампа“, неговиот …